Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Улицата „Младен Стојановиќ„ наскоро ќе добие нов изглед. Реконструкцијата во должина од 316 метри треба да заврши до средината на месецот.
За целосна реконструкција, од улицата „Бајрам Шабани„ до кракот на улицата „Киро Антевски„ одвоени се 3,3 милиони денари, сретства од Буџетот на Општината.Остана уште асфалтирањето, а работите ги изведува фирмата „Евгенија-ерфај„, која имаше најповолна понуда на тендерот - вели Момчило Јовановски, заменик раководителот во Секторот за урбанизам.
Динамиката на реконструкцијата била забавена поради проблем со узурпшација на дел од земјиштето од страна на граѓаните, затоа улицата ќе биде потесна во однос на предвиденото, велат од Општината.