×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се чисти сметот кај пругата во Перо Чичо

    24.08.2015 10:53 | KumanovoNews

    Општината со помош на јавното претпријатије „Чистота и зеленило“ го чисти сметот кај пругата во населбата Перо Чичо.

    Се чисти сметот кај пругата во Перо Чичо

    Акцијата трае пет дена, а се очекува да заврши во среда кога местото ќе биде целосно исчистено. Досега се изнесени околу 40 камиони со смет, и градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски апелираше граѓаните да не фрлаат смет на оваа локација, бидејќи ќе се соочат со казни.

    Овој потег се чисти седми пат по ред. Резултатот по некое време е ист. Апелот до граѓаните е дека во наредниот период ќе спроведеме во две смени комунални инспектори. Ќе имаме драконски казни и поднесување на прекршочни пријави до сите прекршители за депонирање и несовесно однесување кон животната средина. Отсега натаму општината ќе има поригиден однос, и мислам дека е крајно време  да се однесуваме поодговорно кон животната средина - изјави Дамјановски.

    Директорот на „Чистота и зеленило“, Сашо Петрушевски вели дека не само граѓани, туку и одредени фирми тука го депонираат отпадот.

    Имам сознанија дека одредени фирми тука го депонираат отпадот, што е и надвор од закон и надвор од сите комунални правила во Република Македонија. До денеска се изнесени четириесетина камиони и денеска продолжуваме со работа. Мислам дека до среда ова ќе биде исчистено заедно со потегот долу. Мислам дека после зачестени контроли и после зачестено присуство на сите оние кои се задолжени за оваа работа, ќе вроди со плод и ова место нема да биде ѓубриште - рече Петрушевски.

    Градоначалникот најави дека ќе се чистат и речните корита во должина од 3 км, ќе се сечат грмушки по течението, за што ќе бидат потрошени 2.800.000 денари.