Се одржа годинешната Тортијада
13.12.2010 12:18
| KumanovoNews
Викендов во Куманово по петнесети пат се одржа традиционалната манифестација „Тортијада„ во организација на женската невладина организација „Мајка„.

Тортијадата беше организирана во ресторанот Браќа Линка, а учество земаа 7 наши сограѓанки со свои торти, како и слаткарниците Рафаело и Симона. Манифестацијата беше од ревијален карактер, а сретствата од продадените торти ќе се употребат во хуманитарни цели. Традиционалната манифестација беше посетена од голем број наши сограѓанки, кои уживаа во културно-уметничката програма.