Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во рамки на проктот “ Активно граѓанство за меѓуетничка соработка“, што почна да се имплементира пред еден месец од страна на Центарот за Меѓукултурен дијалог во Куманово, започнаа да се одвиваат и работните состаноци за секоја група оделно.
Советници, членови на Комисијата за односи меѓу заедниците, како и претставници од НВО и институции поделени во четири работни групи: образование, млади и спорт, религија, култура и невработеност и социјални прашања ќе одржат работни состаноци со цел да работат на мапирање и утврдување на проблемите од прерцепција на различни профили на луѓе.
Исто така беше одржана и обука на тема мултикултурализам во спортско-рекреативниот центар Пeлинце, каде учесниците имаа можност отворено да дискутираат на теми од мултикултурниот живот во Куманово и да разговаарат за подобрување на истите. Оваа обука има за цел да се подигне свеста за интеретничките односи на индивидуално ниво.
До крај на годината работните групи треба да посетат уште две обуки, меѓу кои и обука како да направат проект и како да дојдат до потенцијални донатори.