Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започна реконструкцијата на локалниот пат за селото Пчиња. Патот е во должина од 9,5 километри, од излезот на Куманово до влезот на селото, за што ќе се потрошат 36 милиони денари, сретства обезбедени од Светска банка, преку Фондот за изградба на локални и регионални патишта.
Овој патен правец е ставен на приоритетна листа на локалната самоуправа. Тој ќе биде комплетно реконструиран и проширен. Ќе се стави тампон од 25 см, по што ќе се стави 7 см. асфалт. Коловозната лента ќе биде со широчина од 7 метри со изградено одводнување. Заспазени се сите норми и високи стандарди што ги наложи инвеститорот - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
Проектот го изработи локалната самоуправа по сугестија на Светската банка. Проектот треба да се заврши до наредната година, по што ќе започне реконструкцијата на патните правци кон селата Романовце и Клечовце.