Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во кумановскиот суд вчера се одржа третото продолжение од судењето против Рубин Андоновски (24), од Куманово, Слободан Павловски (40), неговата сестра Снежа Павловска и малолетната ќерка од Скопје, осомничени за убиството на кумановскиот бизнисмен Горан Трајановски.
На судењето завршила доказната постапка и наредниот месец ќе бидат дадени завршните зборови на бранителите. Судењето беше затворено за јавност поради присуството на малолетник. Како што дознаваме во досегашниот тек, Андоновски и Павловски пред судот не го признавале делото и меѓусебно се обвинувале дека другиот го извршил убиството. Двајцата се бранеле дека не биле во куќата во моментот на убиството.
Според обвинението на 5 јуни годинава во 23.30 часот, обвинетите со умисла го убиле Трајановски откако предходно се договориле да го ограбат, бидејќи Рубен знаел дека има пари.Набавиле малокалибарски пиштол и медицински ракавици и маски и со такси дошле до куќата на убиениот на ул.АВНОЈ во кумановбската населба Зелен Рид. При тоа ги пратиле девојките да проверат дали Трајановки е дома.Рубин и Слободан со фантомки на главата, зазвониле на вратата и кога бизнисменот излегол, Рубин без да го предупреди испукал еден куршум со кој го погодил во пределот на градниот кош. Горан паднал и кога виделе дека починал и не може да им каже каде се парите тие побегнале, и на булеварот „Октомвриска Револуција“ украле автомобил „Мазда“ со кој заминале во Скопје. Десетина дена потоа биле откриени од полицијата.