Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во тек се градежни активности за доуредувањето на дел од минор коритото на Крива Река, во Општина Крива Паланка.
Како што соопштуваат надлежните, овој капитален инфраструктурен објект, е дел од проектот „Регулација на дел од минор коритото на Крива Река –дел 1“ во должина од 926 метри, на потегот од Големиот мост до населба Бегови Бавчи.
Вредноста на инвестицијата е околу 19 милиони денари без ДДВ, а средствата се обезбедени преку Министерство за финансии и Светска банка.
- За таа цел увид во работата извршија претставници на Општината и стручните лица од Министерството за финансии, надзорниот орган, како и изведувач на работите е „Коструктор“ ДОО Скопје и „Сандра Инжинеринг“ ДОЕЛ Скопје. При тоа беше констатирано дека работите се одвиваат согласно проектната документација и утврдениот динамички план и дека е можно работите да бидат завршени и порано од предвидениот рок од една година од воведувањето во градба, - информираат од Општина Крива Паланка.