Се запали оџак во куќа
27.11.2013 10:16
| KumanovoNews
Синоќа се запалил оџак во куќа на улицата “Милан Зечар“, која се наоѓа над Соколана.

Пожарот избувнал околу 21 часот, по што противпожарната единица интервенирала со 1 возило и 3 пожарникари. За половина час огнот бил локализиран и спречен да се проширил на останатиот дел од куќата.
Со започнување на грејанта сезона се поголеми се шансите за палење на оџак, поради тоа од Противпожарната единица ги советуваат граѓаните редовно да ги чистат.