Шеќеринска: Куманово е под владина окупација
Пратеничката на СДСМ Радмила Шекеринска, денеска во Куманово ја обвини власта дека ги злоупотребува функционерите во партиски цели за “ловење“ на гласови и со постојаното присуство на министрите, врши притисок врз граѓаните.
Последната посета на вицепремиерот Пешевски е само мал пример за големите злоупотреби и мешањето на државата и партијата што стана пракса во Македонија. Во последниве седум дена Куманово го посетија сите министри и премиерот, повеќе отколку што го посетија во последниве седум години. Буквално, Куманово е под владина окупација. Не е проблем што доаѓа премиерот, што доаѓаат министрите, туку што доцна се сетија на проблемите на кумановчани. Проблем е што доаѓаат со сериозна полициска- воена придружба. Денеска сретнав многу кумановчани кои реагираа на стравот што се сее во градот, поради силно присуство на полицијата. Незнам зошто сега, помеѓу двата круга на гласање, ВМРО-ДПМНЕ се реши да го примени ова недозволено сретсво во политиката. Апелирам до граѓаните да го дадат својот глас за градоначалник кој го обединува граѓаните и градот ќе го направи европски и просперитетен- изјави Шеќеринска.
Таа вели дека централната власт го освојува Куманово со полиција, а не со проекти. За функционерите вели дека ја злоупотребуваат службената положба и дека дивееат по Куманово.