Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вака одлучил Врховниот суд, откако судиите на Апелацискиот суд донеле одлука - на Бајруш Сејдиу да му се укине мерката притвор во Шутка и да му се замени со домашен притвор.
Кумановецот Бајруш Сејдиу нема да биде пуштен на домашен притвор и останува во Шутка. Вака одлучил Врховниот суд, откако судиите на Апелацискиот суд донеле одлука - на Бајруш Сејдиу да му се укине мерката притвор во Шутка и да му се замени со домашен притвор.
Врховниот суд одлучил дека во оваа фаза од постапката Апелацискиот суд не бил надлежен да одлучува по притворот за Бајруш Сејдиу, туку тоа требало да го стори Кривичниот основен суд.
Пред неколу дена Апелацискиот суд ја прифатил жалбата и по две години притвор одлучил Сејдиу да биде во домашен притвор.
Сејдиу понудил гаранција дека нема да бега и редовно ќе се појавува на рочиштата.
Тој во март беше осуден на пет години затвор по акцијата “Пепел“ за нелегално производство на цигари и други кривични дела. Пресудата не е правосилна.
Ова предизвика лавина реакции во јавноста, а дел од политичките партии отворено ја осудија одлуката на Апелација.