Скопјанец е приведен на Табановце
22.07.2012 17:18
| KumanovoNews
На граничниот премин Табановце синоќа во 18:30 минути со меѓународен воз 337 допатувал Јакупи С.(23) и при пасошка контрола е утврдено дека е во оперативна евиденција “Стоп листа“ и се бара со Телеграма од 18.04.2012 за одлежување казна затвор од две години.

Тој се гони за кривично дело по член 236 став 3 од Казнениот Законик. Јакупи е приведен во полициска станица, а во 19 часот од СВР Куманово е предаден за понатамошна постапка.