×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со обуки и преквалификација ќе се намалува невработеноста

    09.12.2010 15:36 | KumanovoNews

    Сите, млади луѓе кои се заинтерсирани да се вклучат во новата програма, можат да се пријават во Бирото за вработување. 

    Со обуки и преквалификација ќе се намалува невработеноста

    Со грант од 1.3 милиони евра добиени од Европската Комисија ќе се намалува невработеноста во државата. Сретствата нaменети за граѓаните што немаат соодветно образование ќе се употребат за преквалификација на оние кои сакаат да добијат знаење во професиите кои се барани на пазарот на трудот. Сите, млади луѓе што се заинтерсирани да се вклучат во новата програма на обуки, можат да се пријават во Бирото за вработување.

    Годинава ќе работиме и на зголемување на практиканството што досега беше само на територијата на Скопје, а планираме да го прошириме и во другите градови. Ќе бидат опфатени млади луѓе без работно искуство кои три месеци во разни фирми ќе стекнуваат практична обука за работа. Ќе се одржат и обуки како, водење бизнис, комуникациски способности и работа на компјутери со скапи програмски вештини што се користат во информатичкото општество - вели Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.

    На вчерашната трибина што ја организираше Централната комисија за труд и социјална политика и општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, не беа изнесени статистички податоци за бројот на навработените во Куманово, но предавачите велат дека во 2006 година 38 насто од граѓаните на Македонија се воделе како невработени, додека сега бројката е намалена на 31 насто.

    Во изминативе четири години вложивме максимален напор и труд за да ја намалиме стапката на невработеност. Слободно можам да кажам дека не само во Куманово туку во цела Македонија, невработеноста во последните години е намалена и континуирано оди надолу. Не се работи за некакво бришење од евиденција на пријавените во бирото за вработување, напротив, јас лично сметам дека и оваа бројка што се презентира не е реална, туку е помала бидејќи многу луѓе што работат во странство се пријавуваат во агенциите за вработување, како и лица кои имаат мали домашни бизниси - вели Даниела Караџозовска, претседателката на Комисија за труд и социјала политика на ВМРО-ДПМНЕ.

    На трибината „Невработеност - Активни политики за вработување„ за проектите, мерките и заложбите на Владата во правец на надминување на овој горлив проблем за граѓаните на Македонија, зборуваа и пратениците Петар Поп Арсов и Дарка петрушевска, Душко Миновски, државен сoветник во МТСП и Миле Стојановски, државен советник во Државниот инспекторат за труд.