Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пред Центарот за социјални работи во Куманово денеска протестираа корисниците на социјална парична помош, незадоволни од висината на надоместокот и законските регулативи.
На протестот имаше многу мал број луѓе, бидејќи социјалците не биле информирани за протестот.
Малку сме затоа што стравуваме дека ќе ни ја одземата и малата помош што ја примаме од државата, но и поради присуството на полицијата. Кога ја видоа полицијата, некои од луѓето што доаѓаа, го продолжуваа патот и се повлекоа. Срамота е што луѓето се заплашуваат наместо да им се помогне- - вели Екрем од населбата Средорек.
Социјалците велат дека ова е само почеток на низа социјални немири што претстојат во државата.
Живеам со 1000 денари парична помош бидејќи децата не ми се заведени во матична книга на родените и за нив не ми следува ништо, ни пари ни болничко лекување. За вадење нова документација за нив немам средства да платам а од центарот за социјалн и работи не ми даваат еднократна парична помош- вели Џевад.
Ја намалија и таа сума што ја земав за моето семејство, сега не ми стига ни за леб а не за нешто повеќе, ова е под секое човечко достоинство- додава Перо.
Организаторите на протестот од „Хоризонт- Македонија„ бараат, измени и дополнувања на Законот за социјална заштита, право на детски додаток, 100 насто да се зголеми износот на примањата по сите основи во доменот на социјалата но и еднократна помош по 10 евра од член на семејството за покривање на комуналии. Тие истапија и со барање да не се намалува сумата по одреден период на користење на оваа право. Од Хоризонт велат дека зад нив не стои ниту една политичка партија туку над сто иљади социјални случаи од Македонија кои бараат подостоинствен живот. За 3 ноември е најавен масовен протест пред Владата на РМ во Скопје.