×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советниците на ДПСМ ќе го напуштат Советот ?

    22.09.2010 15:30 | KumanovoNews

     Двајцата советници Горан Стојковиќ и Емилија Томиќ се закануваат дека  ќе излезат од Советот, бидејќи пет месеци од донесувањето српскиот и ромскиот јазик не се употребуваат  во работата на Советот.

    Советниците на ДПСМ ќе го напуштат Советот ?

     Советниците на Демократската партија на Србите во Македонија ќе ја бојкотираат работата на Советот на Општината Куманово, доколку до наредната седница не се вработи преведувач на српски јазик. Двајцата советници ќе излезат од Советот бидејќи и по пет месеци не се применила одлуката српскиот и ромски јазик да бидат официјални јазици во Општината.

     На 4 мај е донесена одлука за употреба на српскиот јазик во работата на Советот и на сите други места каде што тоа е пропишано со закон. И по пет месеци нема надеж дека ќе почне да се имплементира таа одлука. Поради тоа на ниво на партијата одлучивме додека не се започне со официјална употреба на српскиот јазик и додека не се обезбедат техничките услови и преведувач за да може истата да се применува, советниците од Демократската партија на Србите ќе ја бојкотираат работата на советот- рече советникот Горан Стојковиќ.

     Претседателот на Советот, тврди дека превод на српски и ромски јазик ќе биде обезбеден до наредната седница на Совет.

    Техничката опрема што ја имаме не може да ги задоволи новите потребите, поради што е распишан тендер за набавка на нова опрема и целата постапка е при крај. За неколку дена таа ќе биде монтирана. Покрај тоа потребни се и двајца преведувачи на српски и на ромски јазик за што исто така е потребна постапка согласно Законот за државни службеници и потребни се одредени рокови. Се ќе се заврши до наредната седница. Советот ги штити интересите и правата на малцинствата, поради што сметам дека реакцијата на советниците на ДПСМ е политички маркетинг- вели претседателот Виктор Цветковски.