Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Србите од двете политички партии и невладините организации во Куманово, денеска го прославија националниот празник „Свети Сава“.
Членовите на Обединетата српска заедница во соработка во Српската напредна странка, запалија свеќи во црквата „Света Тројца“, а потоа организираа прикажување на филм за "Свети Сава" во просториите на здружението.
Овој празник го одбележуваме веќе 19 години по ред со низа манифестации. Одиме во црква каде трдиционално се сече колач, а потоа приготно се одбележува Денот на просветителот „Свети Сава“, оснивачот на српската православна црква и втемелувач на српското образование - изјави Ѓорѓе Полиќ, претседател на ИО на СНС.
Демократската партија на Србите во Македонија и Коло на српските сестри, одржаа Свечена академија во Народниот театар во Куманово.
Се обидуваме да го сочуваме српскиот национален, културен и духовен идентитет со одбележувањето на „Свети Сава“. Со значајни манифестации денеска достојно се одбележува националниот празник на Србите во Република Македонија - рече лидерот на ДПСМ Иван Стоиљковиќ.
Присутните ги поздрави и државниот секретар во Министерството за дијаспора во Република Србија Миодраг Јакшиќ.
Помина повеќе од 7,5 векови од животот на Свети Сава, но ние денеска не го славиме само заради споменување, туку го славиме како да е жив просветител на српскиот народ, неговата култура, книжевност и уметност. Свети Сава ги удри темелите на православието и така стана духовен извор на сила, вера и непредокот - рече Јакшиќ.
Во културно-уметничкиот дел на Академијата настапија учениците од основните училишта каде наставата се изведува на српски јазик и писателот Гојко Чого, а програмата ја водеше познатиот водител Миња Субота.