×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стартува легализацијата на дивоградбите

    23.03.2011 13:22 | KumanovoNews

      На 3 март годинава стапи во сила Законот за легализација на бесправно изградените објекти. Република Македонија е првата земја во регионот што донесе ваков закон.

    Стартува легализацијата на дивоградбите

    Со овој закон што со големо нетрпение се очекуваше од граѓаните, конечно на најбезболен начин ќе може да се реши овој голем проблем - беше речено на денешната прес-конференција во седиштето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

         Во наредните шест месеци граѓаните ќе можат да ги поднесуваат барањата по што ќе можат да ја отпочнат процедурата за легализација на своите дивоизградени објекти по пристапни цени од само едно евро по квадратен метар.  Поедноставена е и процедурата со тоа потребната документација е сведена на минимум. Со барањето се приложува само копија од личната карта, сметка за платена струја или вода и геодетски елаборат.

     Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги предвиде сите можни компликации при реализација на Законсот за дивоградбите. На граѓаните им е оставена можност, доколку не успеат во наредните шест месеци, своите бесправно изградени објекти да ги легализираат во идните шест години. Инаку, на ниво на држава треба да се легализираат околу 300 илјади, а на подрачјето на Општината Куманово 13 илјади бесправноизградени објекти-  рече Ивана Арсовска, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.