Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Т.П.(58) од Скопје, стечаен управник на печатница, книговезница и картонажа „Просвета“ АД Куманово во стечај за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.
Во период од 2005 до 2007 година, пријавениот без дозвола на стечајниот совет, потпишал повеќе налози за исплата на готовина на негово име и на неговиот возач, при што од благајната на друштвото подигнал парични средства, што дел ги вратил, а износот од 713.000 денари противправно го присвоил за себе.