Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стечајните работници од Здружението УНИТ Куманово и останатите градови, утре ќе протестираат од 11 до 15 часот пред повеќе институции во Скопје.
Блокадата ќе започне од 11 до 13 часот пред зградата на ССМ, бидејќи новиот председател откако се устоличи воопшто не му е гајле за нас. Потоа од 13 до 15 часот ќе бидеме пред Собранието додека се поставуваат пратенички прашања за да не види премиерот, па ќе заминеме пред Владата. На враќање кон дома ќе се случи кајгана револуција на новите споменици на плоштадот во знак на револт што власта не игнорира. Протестите нема тука да застанат и покрај големите притисоци кои секојдневно ги имаме - изјави претседателката Љиљана Георгиева.
МВР поднело прекршочна пријава против Георгиевска затоа што не обезбедила редарска служба на еден од протестите кога се случи инцидент. Таа тврди дека редарска служба имало, но таа не можале да се справи со нервозните возачи бидејќи полицијата не сакала да интервенира.