Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Викендов свечено беа доделени дипломите на студентите од 2011/12 година на Високообразовната професионална установа за бизнис студии "Еуро Колеџ".
Оваа година имаме најбројна генерација која се запишува на "Еуро Колеџ", кој спаѓа во првите три успешни образовни установи во Македонија. Успеавме сите средношколци да ги изведеме на правиот пат и да направиме од нив академски граѓани, кои од нашата установа излегоа со знаење и искуство, кое денес го применуваат на своите работни места. Од оваа година формиравме и нова наставна единица насловена како "Културолошки истажувања и менаџмент" со цел да го унапредиме и усовршиме образовниот систем во земјата, како оној што постои во современиот свет-изјави Љубиша Петрушевски, декан на Еуро Колеџ.
Живееме во период на глобализација каде најмногу од се ни е потребна економијата и квалитетното образование.
Мојот допринос во образованието е многу мал во споредба со она што го внесува деканот и вработените во Еуро Колеџ. Како доцент во оваа установа им посакувам на студентите да го внесуваат својот максимум во работата и да бидат сами свои мотиватори, бидејќи само така ќе успејат во овој тежот период на вработување. Денеска во претприемништвото е иднината и успехот на работата и затоа Ви ветувам дека во 2013 година заедно со деканот ќе основаме "Прва меѓународна конференција во Куманово за малите и средни претпријатија"-изјави доц. д-р Синиша Наумовски.
"Еуро Колеџ" една од водечките компании за образованието во земјата и светот. Менеџерскиот тим на факултетот им го честита постигнатиот успех на студентите и им посака блескава иднина и уште многу светли моменти во животот и работата.
Промоцијата се одржа во просториите на Младинскиот културен центар "Козјак" Куманово.