Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Според православниот верски календар, денеска се празнува Света Троица. Во кумановските села Скачковце, Вакав, Облавце и Четирце, Света Троица е селска слава.
Патрониот празник денеска го слави и црквата Света Тројца во Куманово.
Во манастирот Света Троица во село Скачковце и годинава ќе има општонароден собир, прослава со естрадни ѕвезди и ручек за верниците. Во 17 часот ќе биде осветена статуата на Свети Климент која е поставена во манастирскиот комплекс.
Празникот Духовден, меѓу народот познат и како Дуовден, Света Троица, Педесетница, се празнува десет дена по Спасовден , а педесет дена по Велигден . Овој празник се вика уште и Света Троица затоа што на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со одобрение на Богот-таткото се исполнило ветувањето на Богот-син дадено пред апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух. Празникот Духовден нашиот народ го смета за голем празник. Тогаш не се работи, се оди во црква и на гробишта. Според народното верување овој празник се поврзува со душите на умрените. Се верува дека од Велигден до Духовден душите на умрените се слободни.