×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Свети Никола домашна слава на повеќето кумановци

    19.12.2014 12:55 | KumanovoNews

    Кумановските православни семејства најчесто го слават празникот Свети Никола. Поради тоа Свети Никола се смета за заштитник на градот, а неговото име го носи и најстариот соборен храм во градот.

    Свети Никола домашна слава на повеќето кумановци

    Во црквата Свети Никола утрово се одржа литургија со која чиноначалствуваше владиката Јосиф, заедно со други свештеници и монаси. Свети Никола е заштитник на морепловците и воопшто на сите христијански верници.

    “ Свети Никола е најпразнувана слава од кумановци. Нашиот православен Дедо Мраз е Свети Никола, кој што постојано давал подароци. Тој бил многу милостив и на сите им помагал. Верата  без разлика во кое време и да се живее, треба да ни донесе спасение и ние и денес треба да го следиме примерот на Свети Никола. Треба секогаш да бидеме свесни дека се почнува од литургијата, потоа дојдоа и свеќите, и колачите и ручеците. Прво духовното да го подмириме, па потоа материјалното, да не ги извртуваме работите од нивниот природен тек“- изјави Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско - осоговска епархија.

    Свети Никола е роден е во Патара, Ликија, Мала Азија околу 270 година. По смртта на своите родители, го продал целиот свој наследен имот и парите  ги поделил на сиромашните. Уште додека бил жив, луѓето го сметале за светител и го повикувале на помош за болните, несреќните и немоќните.Во својата старост се разболел и починал на 6 декември 343 година.

    Свети Никола е посна слава, бидејќи се паѓа во време на божиќните пости.