×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ТеенТим слави прв роденден – една година новинарски успеси

    18.12.2024 16:10 | KumanovoNews

    Новинарскиот клуб „ТеенТим” при СОУ Ѓорче Петров го одбележува својот прв роденден, носејќи ги со себе бројните успеси и активности кои ја одбележаа изминатата година. 

    ТеенТим слави прв роденден – една година новинарски успеси

    Основан со желба и идеја на менторката проф. Ивана Герасимовска, да ја поттикне младинската креативност и новинарската пасија, клубот за кратко време стана препознатлив по својата посветеност и професионалност.

    Во текот на годината, членовите на ТеенТим успешно учествуваа на „Новинарскиот Спринт”, каде со своите извонредни текстови и репортажи привлекоа внимание. Нивниот новинар и сегашен уредник, Никола Митовски, се истакна со едномесечната пракса во КумановоЊуз, што претставуваше одлична можност за професионален раст и придонес кон локалната новинарска сцена.

    Гордост за клубот е серијалот „5 за 5,” кој за кратко време стана омилен меѓу младите читатели. Во рамките на серијалот, едни од гостите беа: Марија Димитровска, кривопаланчанка и доктор на науки во областа на социологијата; реномираниот ликовен уметник и професор во гимназијата, проф. Роберт Цветковски; Ивица Пешовски, технички директор на академијата „Брејнстер” и професор на Брејнстер Некст Колеџ; и многу други истакнати личности. Посветените епизоди од овој серијал им донесе 3-та награда за медиумски производ, што е уште еден доказ за нивниот талент и креативност. Радосната вест е дека неодамна објавија новост за старт на втората сезона од „5 за 5,” која ветува уште поквалитетни содржини.

    Покрај тоа, членовите на клубот имаа можност да учествуваат во различни значајни активности. Новинарките Ана и Мила учествуваа на петдневен камп за медиумска писменост во Струга, каде стекнаа нови знаења и вештини во новинарството. Членовите на ТеенТим беа на посета на медиумски куќи, како што се Канал 5 Телевизија, Македонската Радио Телевизија и Радио МОФ, со што ги збогатија своите искуства и инспирација за идни проекти.

    Членовите на клубот покриваа вести и на локално и на регионално ниво, а нивната посветеност ги однесе дури и во Банско, Р. Бугарија, каде што известуваа за музичкиот фестивал „Утринска ѕвезда,” каде нивни сограѓани ги претставуваа своите таленти. Сето ова го прават рамо до рамо со својата менторка, професорката Ивана Герасимовска, која е неизоставен дел од нивните успеси и мотивација.

    Голем успех за клубот е и објавувањето на вториот дигитален весник на нивното училиште, кој ги обединува сите успеси и креативноста на учениците. Дополнително, ТеенТим неодамна го објави и својот прв подкаст, кој веќе предизвика интерес и се очекува да прерасне во редовна платформа за младински теми и дебати.

    Тие веруваат дека иднината на новинарството лежи во младите, амбициозни луѓе кои веќе покажаа што значи тимска работа, истрајност и љубов кон пишаниот збор. Честит прв роденден, ТеенТим, и многу успеси во годините што доаѓаат!


    Никола Митовски