×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тетовскиот универзитет во касарната Бедиње

    15.11.2010 07:12 | KumanovoNews

     Во поранешниот воен објект ќе бидат сместени дисперзираните студии на Тетовскиот универзитет и паралелките од Земјоделското училиште „Киро Бурназ„ од Липково.

    Тетовскиот универзитет во касарната Бедиње

    Уште една зграда од касарната Христијан Тодоровски- Карпош, во населбата Бедиње ќе се користи за образованието на учениците Албанци во Куманово. Во поранешниот воен објект ќе бидат сместени дисперзираните студии на Тетовскиот универзитет и паралелките од Земјоделското училиште „Киро Бурназ„ од Липково. Примопредавањето на објектот го извршиа министерот за одбрана Зоран Коњановски и заменик министерката за образование Лендита Ќазими.

    Успешно продолжува проектот за дивестирање на несуштинските објекти што ги имавме како Министерство за одбарана.Дел од објектите се даваат за развој на образованието, со што покажуваме дека треба да се стават во функција за кои државата има потреби - рече министерот Коњановски.

    Од Министерство за образование велат дека со добивањето на новите објекти ќе се подобрат условите за настава на средните училиште и на факултетот во Куманово.

    За потребите на учениците Албанци во Куманово веќе е реновирана зграда за гимназијата и економското училиште.

    На вчерашното примопредавање на објектот не присуствуваа градоначалникот и претставници од Советот на Општината Куманово.Тие не биле поканети од организаторите на свеченоста.

    Ние планиравме кога ќе имаме примопредавање на касарната и нејзино ставање во функција да дојдам специјално и со градоначалникот да го означиме завршувањето на процесот на дивестирање на објектите. Денеска дојдовме само јас и министрите за образование и труд и социјала, кои беа директно засегнати во решавање на проблемот во обезбедување на простории во обрзованието - се правдаше министерот Коњановски.

    На примопредавањето присуствуваа високи функционери и партиското раководство на ДУИ од Куманово и Липково.