„The Banкer“ ја прогласи Комерцијална за банка на годината
03.12.2010 13:44
| KumanovoNews
Комерцијална банка прогласена за банка на годината за 2010 во Македонија од економскиот магазин „The Banкer“

Комерцијална банка петти пат е прогласена за Банка на годината за Македонија, од професионалниот светски банкарски и финансиски магазин, издание на групацијата Financial Times, читан во 150 земји во светот, соопшти Комерцијална банка. Избрана е за банка на годината и во 2001, 2002, 2004 и 2005.
Критериуми за избирање на победниците вклучуваат поврат на средства на акционери, стратегиски предности во однос на конкуренти, проценти на пораст на капитал, актива и нето добивка.