×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тројца загинати во сообраќајка кај Агино село

    06.06.2010 13:21 | KumanovoNews

     Горан Марковиќ (38), Марко Вуковиќ (37) и Агим Исени (48) сите од Куманово, смртно страдаа во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска 15 минути пред полноќ се случила на автопатот Куманово - Скопје во Агино село.

    Тројца загинати во сообраќајка кај Агино село

     Според полицијата до несреќата дошло кога возачот на автомобил „опел-омега„ со швајцарски регистарски таблички, додека се движеле кон Скопје, поради неприлагодена брзина, изгубил контрола на возилото и излетал од патот и удрил во бетонски ѕид. При тоа неколкупати се превртел. Од силината на ударот патниците излетале од колата и од задобиените повреди Марковиќ и Вуковиќ починале на лице место, додека Исени им подлегнал на повредите на патот кон Ургентниот центар Куманово. Увид на лице место извршиле полициско-судски екипи и работат на утврдување на причините за страотната сообраќајка.

    Неофицијално се зборува дека полицаецот Марковиќ, кој не бил на должност го управувал автомобилот во моментот на несреќата и возел со брзина од над 170 км/ч, со цел да ја тестира колата на отворен пат пред да ја купи од Исени. Тројцата пријатели пред тоа биле во една кафеана во центарот на градот, каде испиле поголема количина алкохол.