×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ученици Албанци и Македонци славеа Бадник во гимназијата „Гоце Делчев„

    06.01.2014 12:48 | KumanovoNews
    Ученици од албанските паралелки денеска беа гости на нивните врсници во Гимназија “Гоце Делчев“ на прославата на христијанскиот празник Бадник.

    Ученици Албанци и Македонци славеа Бадник во гимназијата „Гоце Делчев„

    Трета година по ред се оддржува ваква средба во рамки на проектот “Безбедни училишта“, на која се презентираат обичаи, верувањата, традицијата и јадењата кои се подготвуваат за празникот. Целта е учениците од различни заедници меѓусебно да се запознаат и да се почитуваат.

    Оваа средба планираме да остане традиционална и понатаму и од година во година се повеќе да се зголемува, за да подобро се запознаеме во културните разлики, традицијата, обичаите, домашните трпези, се она што не прави различни, но создава потреба да живееме заедно. Да не биде да живееме едни покрај други, туку да живееме едни со други како што впрочем тоа е денеска - изјави Виолета Богдановска, од отсек за превенција во СВР Куманово.

    Директорот на Гимназијата, Љубиша Николиќ рече дека му е особена чест што неговото училиште е домаќин на една ваква средба пред големиот христијански празник Божиќ.

    На овој свечен ден правиме традиционална бадникова вечер, ритуал кој е традиционален за православните верници. По тој повод се повикани свештеници од МПЦ кои со воведни зборови ќе кажат што е значајно за овој голем ден - вели Николиќ.

    Заедничките одбележувања на празници ги поздравија и наставниците од албанските училишта во градот, кои сметаат дека ова требало да се случи многу порано бидејќи Македонија е мултиетничка земја.

    Ова е многу убав потег на СВР и на ОБСЕ кои го поддржуваат овој проект. Ние сме радосни и ученици, наставници и родители. Ова требаше да се случи многу порано - рече Мирлинда Реџепи, професор по англиски јазик во СОУ “Перо Наков“.

    Свештеникот Игор Крстев објасни дека со позитивни мисли, чисти души, верниците кои постеле ќе се причестат. Божиќ треба да се дочека во мир и со љубов кон ближните, а се што е соединето со Господ е спасено, додаде тој.