Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Практичната настава за земјоделско-ветеринарната струка ќе се одржи од 5 до 26 октомври во Центарот за биотехника и туризам во Ново Место.
Ученици од земјоделското училиште „Киро Бурназ„ ќе одат на пракса во Словенија, заедно со други двесетина ученици од 7 училишта во државата. Практичната настава за земјоделско-ветеринарната струка ќе се одржи од 5 до 26 октомври во Центарот за биотехника и туризам во Ново Место.
Веќе традиционално околу 25 ученици и троица наставници од земјоделските училиштето од Македонија заминуваат на практична обука во земјоделското училиште во Ново Место.Целта е да се стекнат со вистинско практично искуство во услови какви што ние за жал сеуште неможеме да си ги дозволиме, а истовремено да се развиеи подобри меѓусебната комуникација и соработка со учењниците- вели директорот Горан Јовановиќ.
Учениците тргаат на практичната настава во сабота, а сите патни и трошоците за престој ќе им бидат покриени од тамошната Општина.