×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Улицата “Перо Чичо“ решето

    17.12.2014 15:11 | KumanovoNews

     Улицата „Перо Чичо„ е дупка до дупка.

    Улицата “Перо Чичо“ решето

    Иако е една од пофрекфентните улици во градот, бидејќи го скратува патот од раскрсницата кај Школската амбуланта до Соколанскиот парк,  со години е во очајна состојба.  

    Граѓаните се жалат дека најголемите дупки се на средината на коловозот и додека возат невозможно е да ги избегнат, па покрај тоа што ги кршат автомобилите постои опасност и да удрат во некого. Тие бараат градските власти  да престанат само да ги „подзакрпуваат„ дупките, туку целосно да ја реконструираат и асфалтираат улицата за да се реши нивниот повеќегодишен проблем.

     “Дупките стојат со години. Ќе ги закрпат и за кратко време пак ќе се отвараат. Како да ги полнат со песок, а не да ставаат асфалт. Тие ни прават сериозни проблеми во сообраќајот, бидејќи нема каде да се движиме од нив. Ако бегате на лева страна може да ве удри некој што врти од “Трета МУБ“. Дупките се 30-40 цм длабоки и мислам дека крајно време е некој да си земе обврска да ги среди.“ - вели Горан Ѓорѓевиќ, кој живее на улицата.

    Од секторот за урбанизам во општина Куманово признаваат дека улицата “Перо Чичо“, токму поради дупките, е во лоша состојба и дека треба што побрзо да се реконструира.

    “Се движат многу тешки товарни возила. Кога има обилни дождови како оваа есен по 5-6 пати во месецот, и тоа што е “закрпено“ се оштетува. Ќе гледаме овие денови да ја санираме наведената локација“- изјави Момчило Јовановски од сектор за урбанизам во општина Куманово.