×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата ги ограничи маржите на повеќе од 1.000 прехранбени и непрехранбени производи

    18.02.2025 22:46 | KumanovoNews

    Владата на денешната седница донесе одлука за ограничување на бруто профитната маржа (БПМ) во трговија на големо и во трговија на мало и одлука за утврдување на највисоките цени за одделни производи во трговијата на големо и во трговијата на мало.

    Владата ги ограничи маржите на повеќе од 1.000 прехранбени и непрехранбени производи

    Заменик министерот за економија и труд Марјан Рисески, кажа за да се заштити животниот стандард на наслението, односно да се намалат трошоците за живот во потрошувачката кошница за храна и пијалоци и кај средстствата за лична хигиена, Владата донела одлука со која се ограничува маржата во трговија на големо и трговија на мало на 102 групи на производи или на над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи.

    На 5 % БПМ на основните осум прехранбени производи и тоа млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко или вкупно осум групи на производи, на 10 отсто ограничена БПМ на прехранбени производи каде опфаќа група од 55 прехранбени производи – месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини, и на ограничување на 15 отсто на БПМ на 39 прехранбени производи и средства за хигиена и тоа свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и слично.

    „Анализата на Државниот пазарен инспекторат покажа дека трговците на големо и тровците на мало пресметуваат БПМ од 20 до 25 осто за основните производи во трговијата на мало, а од 20 до 50 отсто во трговијата на големо. Со оваа одлука се задолжуваат сите кои се учесници во трговијата на големо и во трговијата на мало, сите овие 102 групи на производи, најмалку 70 проценти да бидат присутни на рафт“, рече министерот Ристески.

    Тој кажа дека е донесена и одлука за утврдување на највисоки цени на осум групи основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало при што како највисока цена се утврдени цените кои што се применувале на 1 февруари 2025 година.

    Двете одлуки ќе стапат на сила следниот ден по објавувањето на одлуките во Службен весник, а ќе траат до 30 април.