×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Фијаско беше маршот на СДСМ

    06.12.2010 12:22 | KumanovoNews

    Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ смета дека протесниот марш на СДСМ вчера доживеал фијаско, а  СДСМ и нивниот лидер Бранко Црвенковски немаат никаква подршка од граѓаните на Куманово.

    ВМРО-ДПМНЕ: Фијаско беше маршот на СДСМ

     Целата измината недела, откако го најавија протестниот марш, извршија тортура и притисок врз граѓаните, заради нивно присуство на вчерашниот митинг. Сите вработени од јавните претпријатија во Куманово, основните и средните училишта и целокупната општинска администрација беа под невиден притисок и закана, само за да се наполнат автобусите за Скопје. Токму затоа, СДСМ во Куманово вчера уште еднаш доби жестока шлаканица од нивните членови и од граѓаните. За Скопје заминаа полупразни партиски автобуси. Среќа нивна што автобусите имаа завеси за да се сокрие срамот на СДСМ, поради необезбедената подршка за Црвенковски и неговиот протестен марш - изјави Игор Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

    На денешната прес конфернција, од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му порачаа на градоначалникот Зоран Дамјановски повеќе се занимава со проблемите на граѓаните, а помалку со партиската работа.

    Овие денови жителите од селата Јачинце, Довезенце, Бељаковце, Клечовце, Доброшане, Шупли Камен и Речица се погодени од невремето и поројни дождови кои ја зафатија Република Македонија. Во тој регион буквално се поплавени преку 70-80 куќи, викендици, како и земјоделско обработливо земјиште. Градоначалникот, согласно своите обврски и должности, мораше да формира кризен штаб и комисија за проценка на штети од оваа непогода - смета Божиновски.