×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Само „Хуљуси-комерц„ врти милионски бизниси во градот

    09.04.2012 13:36 | KumanovoNews

     Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска го прашаа градоначалникот Зоран Дамјановски, по кои критериуми исклучиво фирмата „Хуљуси-комерц„ добива бизниси во Општината, вредни десетици милиони денари.

    ВМРО-ДПМНЕ: Само „Хуљуси-комерц„ врти милионски бизниси во градот

    Од партијата излегоа со информација дека минатат година од вкупно 29,5 милиони денари за изградба и реконструкција улиците, на „Хуљуси комерц„ му се исплатени 16,2 милиони денари или 55 одсто од вкупните средства.

    Од извршената работа на терен може да се забележи дека и она малку што се гради во Куманово е неквалитетно, и за кратко време пропаѓа. Било да се работи за реконструкција на улица, обична закрпа на некое сокаче или било кој градежен зафат.Истата фирма е постојано задолжена за летно и зимско одржување на улиците, иако градот е постојано блокиран од снег. Пари се одлеваат на сметка на оваа фирма , а граѓаните не ја добиваат услугата. Сето ова говори дека се работи за сомнителни бизниси од кој некој дебело се офајдува- обвини советникот Стефан Трајановски.

    Тој тврди дека и државниот ревизорски извештај покажал дека во Општината има нетранспарентно водење и кршење на тендерските постапки. Таму било посочено дека основен критериум за најповолен понудувач е ставен краткиот рок на изведбата, кој обично се пробивал, а немало казнени мерки за пречекорување на роковите. Првично договорената цена се зголемувала за 20-30 одсто со анекс договори, без писмен доказ зошто доаѓа до зголемување на работата и без согласност на инвеститорот.