Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Камион кој превезувал огревно дрво без жиг откриен е вчера во 18.20 часот на патот од селата Слупчане кон Руница, липковско.
„Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор при Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле преглед на товарно возило „форд транзит“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А. (49) од с.Руница. При извршениот преглед било констатирано дека тој со возилото врши превоз на огревно дрво без жиг, боја и испратница. За случајот е известена Шумска полиција, која извршила увид, по што лицето и возилото им биле предадени за понатамошна постапка“, соопшти МВР.