×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вработените во ФЗЦ си ги бараат заостанатите плати

    22.12.2014 10:36 | KumanovoNews

    Започна штрајкот на вработените во фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври„.

    Вработените во ФЗЦ си ги бараат заостанатите плати

     Над 500 работниците се собраа во дворот на фабриката, за да го изразат нивното незадоволство заради неисплатените плати и придонеси за изминатите 6 месеци.

      Кризата во фабриката трае веќе подолг временски период и ние досега направивме огромни напори да не дојде до оваа ситуација, меѓутоа повеќе не можеме да издржиме бидејќи ни должат 6 плати и немаме здравствено осигурување. Во изминатиот период не успејавме да се договориме со бордот на директори, па одлучивме да стапиме во штрајк кој ќе трае се додека не ги исполнат барањата. Наши минимални барања се исплата на две заостанати плати и здравственото осигурување до Нова година, но раководството не се согласи,- изјави претседател на синдикатот Методија Сеизовски.

    Работниците велат дека се доведени до питачки стап затоа што со месеци не земаат плата, а сите имаат кредити во банките.

    Сите залихи и заштеда што ги имавме дома ги потрошивме, останавме без основна егзистенција. И ние сакаме да славиме Нова година и сите останати празници, а не да седиме дома и да добиваме само 30 проценти од платата која ни ја земаат банките.  Немаме пари да платиме грење дома. Раководството вели дека нема пари и паднало производството, но ние имаме побарувања повеќе од два милиони евра. Една скопска фирма ни должи 1,5 милиони евра, а Владата над 600 000 евра за изградба на спортските сали Борис Трајковски и салата во Аеродром ,- велат работниците.

    Тие обвинуваат дека фабриката намерно се обезвреднува за да се продаде за ниска цена.

    Фабриката веќе 1,5 година работи минимално.  Не работи затоа што треба да се приватизира. Се сомневаме дека намерно се обезвреднува. Беше закажана една продажба, но се одложи. Пријавени биле тројца, а не учествувале. Затоа се сомневаме дека некој сака да ја купи за ниска цена. Фабриката има перспектива и треба да се стави на здрави нозе и да продолжи да работи, затоа што има голем пазар кој го покривала со децении, -  вели еден од вработените Слободан Јовановски.

    Менаџерскиот тим не сакаша да ги прими новинарите за да одговори на обвинувањата на вработените.

    Во ФЗЦ работат над 700 работници, кои се и акционери.