Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од втора година од гимназијата „Гоце Делчев“ викендов заминаа на еднонеделна екскурзија низ Европа, а осмооделенците од основното училиште „Крста Мисирков„ вчера отидоа на тридневна обиколка низ Македонија.
Во годинешнава програма планирана е повеќе дневна екскурзија и денеска тргнуваме за Будимпешта, Прага, Виена и Дрезден. Патуваат 10 парелелки со 273 ученика и 11 професори. Самата екскузрија е од научен карактер и се предвидени посети на позначајните знаменитости во поголемите градови, центри на културата. Ние се стремите кон ЕУ и затоа ги посетуваме овие држави- вели директорот на гимназијата Љубиша Николиќ.
Основците во тридневната екскурзија ќе се запознаат со убавините на нашата земја, а ќе ги посета Тиквешко езеро, Битола, Пелистер, Охрид и Вевчани.
Патувањето ги организира туристичката агенција „Јоцо-турс„ која имаше најповолна и најквалитетна понуда.
Во изминатите години се покажавме како сериозен и сигурен превозник и организатор на туристичките патувања како во земјата така и во странство. Патувањето го организираме во високотуристички автобуси, а учениците ќе бидат сместени во хотели со 4 ѕвездички. Веруваме дека овие ексурзии ќе им останат во пријатно сеќавање на учениците, бидејќи за сите ученици обезбедивме маици на кои е напишано генерацијата на училиштето и логото на агенцијата - вели сопственикот Јовица Јанчиќ.
Основците од екскурзијата ќе се врата утре, а гимназијалците на 8 јуни.