Запалена црква во Зубовце
10.12.2010 14:38
| KumanovoNews
Црквата „Света Недела„ во селото Зубовце, вчера била запалена при што изгорел дел од покривот, а иконите и инвентарот се опожарени.

Од извршениот увид на полицијата било откриено дека непознати сторители го украле крстот на капијата, додека во помошна просторија подметнале пожар. Пожарот се проширил на кровот на црквата и го оштетол. Полицијата работи на откривање на крадците и подметнувачите на пожарот, а матерјалната штета допрва ќе се утврдува.