Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во средните училишта започна вториот уписен рок за запишување ученици во прва година.
Во сите кумановски училишта има голем број на слободни места, а бројот на поени за прием е намален. Во Гимназијата „Гоце Делчев“ утрово неколку ученици поднеле документи за запишување, а резултатите ќе бидат објавени утре.
Уписот е започнат во 7 и ќе трае до 15 часот. Засега неколку ученици се пријавиле, ќе видиме дали ги исполнуваат условите. Оние ученици кои не беа запишани претходно, со дозвола од МОН, минимум поени се симнати на 50 и тие автоматски ќе влезат. Има слободни места за сите што се заинтересирани. Ни требаат 374 ученици, а досега имаме 257 - вели Кети Домазетовиќ, педагог во „Гоце Делчев“.
Во Техничкото училиште „Наце Буѓони“ за медицинска струка се бараат 60 поени, а поените се намалени и за електро и машинските струки. Утрово 29 ученици поднеле документи за запишување во ова училиште.
За електротехничар енергетичар од 40 на 36 се намалени, за машинско енергетски техничар од 40 на 35 и техничар за компјутерско управување не се намалени поените затоа што има доволен број на ученици, значи остануваат 40. Има слободни места за сите профили - вели Драган Јаневски, помошник директор во „Наце Буѓони“.
Учениците кои во првите две пријавувања не се запишаа во средно училиште, сега имаат можност да се запишат.
Сакам да се запишам во медицинска струка. Имам 68 поени, исполнувам услови и очекувам да бидам примена. Ме влече оваа струка, сакам да се занимавам со тоа - рече Марта Цветковска, ученичка.
Голем број слободни места има и во средните училишта „Перо Наков“ и „Киро Бурназ“.