Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со слоганот “Убави како рози, силни како тупаница“ , жените од СДСМ вчера ја прославиа десет годишнината од основањето на Клубот на жени во нивната партија.
По повод десетгодишниот јубилеј во кружната сала на Комитет на жените им се обратија Драгица Велковска, координатор на КЖ на СДСМ Куманово, потпретседателката на СДСМ Ана Павловска Данева, Елеонора Петровска Митевска прва координаторка на КЖ на СДСМ и Цветанка Ласкова која сега ги предводи жените од оваа партија. Жените порачаа дека треба да се изборат за повеќе градоначалнички позиции. При тоа кажаа дека над 30 отсто од членството во партиите отпаѓа на женската популација.
Прославата продолжи во Меморијалниот центар Пелинце. Жените ги поздрави градоначалникот Зоран Дамјановски. На пикникот имаше над 350 жени, гости од ИЕ 1 и ИЕ 2.