Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За период од една година колку што работи правниот застапник зголемен е бројот на дискриминираните по половa основа, велат надлежните.
Министерството за труд и социјална политика започна кампања за еднакви можности и не дискриминација на жените и мажите. Целта на проектот е да се промовира концептот, да се подигне јавната свест во однос на заштитата и како да се помогне во случај да дојде до таква појава.
Во министерството постои правен застапник кој помага во постапките во случаи при дискриминација, како во јавниот така и приватниот сектор. За да се поведе постапка потребно е да има писмена иницијатива и таа е бесплатна - вели Ленче Коцевска, која ги застапува жртвите.
За период од една година колку што работи правниот застапник зголемен е бројот на дискриминираните по полов застапеност.
Сметаме дека оваа појава е многу застапена и реалната слика не е таква како што се прикажува, дека не постои полова дискриминација. Затоа со оваа кампања сакам да ги охрабриме граѓаните да поднесуваат преставки до правниот застапник и да добијат помош - нагласува Коцевска.
На Градскиот плоштад денеска граѓаните можеа да дадат подршка за кампањата, а имаше и трибина на која беа претставени облиците на дискриминација и како таа да се спречи. Кампањата се спроведува во 15 градови во државата, во соработка со општините и ОБСЕ.