Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите кои живеат на повисоките планински места да се снабдат навремено со потребни намирници и лекови со оглед на тоа дека нѐ очекува период на врнежи од снег и можност од отсекување на одредени села кои се на повисока надморска височина, се наведува во апелот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) испратен утрово до јавноста.
Од Македонија пат информираа дека е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража и на патните правци Крива Паланка – граничен премин Деве Баир и Кичево-Охрид преку превојот Пресека.
„Исто така, ги потсетуваме возачите на тешки товарни возила да бидат исклучително совесни и внимателни, да користат зимска опрема и да ги почитуваат сите евентуални препораки и забрани од МВР. Потсетување до граѓаните и на бесплатниот телефонски број за итни повици 112 на кој можат да пријават настани или случувања кои преставуваат ризик или опасност по животот на луѓето и матерјалните добра“, велат од ЦУК.
Во текот на последните 24 часа на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 2209 повици. Од нив „реални“ повици биле 1440, а остантите 769 биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни.