Младинскиот оркестар ќе одржи концерт по повод Денот на жената Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев “ вчерва во 20 часот концерт ќе оддржи матичниот Младински оркестар.
Дигиталните уреди погубни за децата, родителите да ги слушаат и набљудуваат повеќе, порачува дефектологот Пешиќ Младите родители на деца од предучилишна возраст мора да бидат свесни за опасноста што ја предизвикуваат современите уреди, а кои влијаат на растот и развојот на децата. Последиците од дигиталните уреди и електрични играчки се гледаат во се почести проблеми со говорот, но и во сознајните функции, односно децата имаат целокупно задоцнет психомоторен развој, посочува дефектологот д-р Милена Илиќ Пешиќ, која има 20-годишно искуство во оваа област.
Ќе се крпат ударните дупки по улиците во Куманово Ударните дупки по улиците и булеварите во Куманово ќе бидат пополнети со асфалт во пролетната акција за поправка на оштетените коловози, која се очекува да започне до 15 март.
Уставниот суд ја поништи одлуката на Општина Куманово за ретроактивно намалување на процентот на искористеност на земјиштето за градба Одлуката на Општина Куманово ретроактивно да го намали процентот на искористеност на земјиштето за градба ја поништи Уставниот суд, затоа што смета дека води кон правна несигурност, а граѓаните ќе се соочуваат со тешко отстранливи последици.
Приведен кумановец кој крадел на бензинска пумпа, одземеното вратено на сопственикот Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 41-годишен кумановец. Тој се сомничи дека истиот ден одзел предмети од бензинска пумпа на улица „Железничка станица“ Куманово.
Изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“ во Центарот за култура во Куманово Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре во 19 часот ќе биде отворена националната изложба „Жените и фотографијата“, која ја организира Фото клубот Куманово по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март.
Уставниот суд ќе одлучува за Одлука на Општина Куманово со која се овозможува градење на станбени згради надвор од централното градско подрачје Уставниот суд на денешната седница ќе одлучува по одлуката на Општина Куманово со којашто се овозможува да се градат станбени згради надвор од централното градско подрачје, односно: „Одлука за спроведување и планирање на површини на градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централното градско подрачје во граница на градежен реон на Куманово, број 09-5643/4” од 12 јули 2022 година.
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за февруари Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2023 година.
Возел со со 2,18 промили алкохол, друг 103 км/на час - рекордери по направени сообраќајни прекршоци Во текот на изминатиот викенд во Куманово санкциониранo e едно лице поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 2.18 промили. Друг возач, пак, е казнет поради неприлагодена брзина на движење од 103 км/ч во населено место.
Два нови проекти за меѓугранична соработка со Бугарија потпишани денеска во Куманово Во Куманово денеска беа потпишани договори за национално кофинасирање со Министерството за локална самоуправа за реализација на два проекти во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија. Договорите ги потпишаа министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, градоначалникот Максим Димитриевски и ВД директорот на Фондацијата за култура и спорт Марио Арангеловски.
Вкупно 18 невработени од Куманово ќе станат персонални асистенти за лица со попреченост Општинската организација на Црвен крст започна со обука на 18 лица, долгорочно невработени, кои ќе добијат сертификати за персонални асистенти на лица со попреченост. Курсот ќе трае во наредните два месеци,а се одвива по програма во четири модули. Обуката ја спроведуваат стручни лица - доктор, медицинска сестра, дефектолог и социјален работник.
Казнети 18 возачи од Куманово кои биле под дејство на алкохол Во текот на изминатата вечер, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на целата држава.
Претреси во кумановско, запленети возила, детектори... Врз основа на судска наредба, денеска полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово во координација со претставници на Царинската управа и Инспекторатот за животна средина извршиле претрес во домовите на четири лица во с.Љубодраг, кумановско.
Пронајдена стока со поминат рок, поднесена кривична пријава за одговорните од Романовце СВР Куманово поднесе кривична пријава против правно лице од с.Романовце, кумановско и против Б.М.(46) од Куманово, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни прехранбени и други продукти“.
Кај целото кумановско семејство позитивни наоди за туберкулоза, ЈУМЦР Куманово ја утврди фактичката состојба Позитивни наоди за туберкулоза добиле и останатите членови од кумановското семејство чија мајка и малото бебе кое е во тешка состојба веќе се хоспитализирани .
ЈП„Куманово-план“ го оправдува своето постоење, покажуваат резултатите од финансискиот извештај По петгодишно работење се покажува оправданоста за основање на ЈП„Куманово-план“, кое остварува резултати и на оперативен и на финансиски план, е заедничка оценка на мнозинството во Советот на Општина Куманово.