Сточарите од Љубодраг утре повторно ќе протестираат, не даваат да им се уништат свињите кои немаат африканска чума Жителите на кумановското Љубодраг, утре два часа од 10 до 12 часот ќе го блокираа стариот пат Куманово-Скопје, по најавата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) дека ќе ги уништуваат свињите, откако пред шест месеци во селото беше регистрирана случај на болеста африканска чума.
Кумановец вршел меѓународен јавен превоз без лиценца Кривична пријава заработи 57-годишен кумановец, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца’’.
Општина Куманово со 3 милиони денари ќе поддржи пет проекти на невладини организации за социјални услуги Околу 50 илјади евра ќе потроши Општина Куманово годинава за реализација на проекти од социјална заштита, кои ќе ги спроведат пет невладини организации.
Александар Арсиќ нов претседател на СДСМ Куманово Александар Арсиќ, дипломиран правник и магистар по правни науки е назначен за нов претседател на општинската организација на СДСМ Куманово, откако Александар Тушевски си поднесе оставка на фукнкцијата.
Промоција на книгата „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Куманово Во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово утревечер во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски. Свое излагање за романот ќе има промоторот проф. д-р Кристина Николовска.
Денеска и утре делови од градот и села во кумановско и липковско без струја Без електрична енергија денеска ќе останат потрошувачите на улицата Бајрам Шабани и деловни објекти во населбата Карпош, а утре неколку села во кумановско и липковско.
Флекс кредит заокружува бројка од 60 филијали Во насока на доближување до постојните и потенцијално новите клиенти, како и заради побрз и поедноставен пристап до услугите на Флекс Кредит од 13.03.2023 година во Валандово започнa со работа нова филијала.
Даравелски e на слобода, постапката со која се гони е застарена Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослободителна пресуда во постапката која се води против поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски.
Уапсен штипјанец во Куманово, украл пари и предмети од седум деловни објекти Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип.
Што побрзо да се пронајде и казни сопственикот на кучето кое вчера нападна осум луѓе, побараа од Општина Куманово Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово поднесе барање до СВР Куманово да се пронајде и да се казни сопственикот на расното кучето кое вчера нападна и изгриза осум лица во центарот на Куманово.
Кумановец возел автомобил со 2,22 промили алкохол во крвта Возач од Куманово управувал автомобил со 2.22 промили на алкохол во крвта. Тој и уште 30 возачи се откриени во алкохолизирана состојба, при акциска контрола на сообраќајната полиција која била спроведена за време на викенд на територијата на Општина Куманово.
Изложба на минијатури во Центарот за култура во Куманово Во изложбениот салон на Центарот за култура во Куманово утре во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Јас и моите пријатели“, поставка на дела - минијатури и мал формат.
Куманово е една од 10-те општини со позитивно финансиско работење според истражувањето на УНДП, кажа Димитриевски Општина Куманово е една од десетте општини кои се позитивен пример за финансиско работење по мерка на граѓаните според истражувањето на Програмата за развој на Обединетите Нации - УНДП, информира градоначалникот Максим Димитриевски.
Буџетот на Општина Куманово е оштетен за 1,3 милиони евра поради отпис на долгови за комунална такса и фирмарина, тврди Левица На последната седница на Советот на Општина Куманово беше изгласана предлог одлуката за отпис на парични побарувања по основ на комунална такса за фирма и данок на имот за правни и физички лица во износ од 1.300.000 евра, објавуваат од Левица, локален огранок Куманово.
Утре седница на Совет, на дневен ред 14 точки Во кружната сала на зградата на т.н. „Комитет“, утре ќе се одржи дваесет и првата седница на Советот на Општина Куманово.
Заловено расното куче кое напаѓаше луѓе во центарот на Куманово Екипа од Ветеринарниот центар „Тодор Велков“ по налог на Инспекциските служби на Општина Куманово и во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарсво го залови кучето, кое утринава нападна осум граѓани на улицата „Народна Револуција“.