Млад кумановец прободен со остар предмет Дваесет и осумгодишен кумановец викендов бил пренесен во Кумановската болница со повреда задобиена од остар предмет.
Пендаровски на прославата за 2 Август во Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце Под слоганот „120 години Илинден - Огниште на татковината“, годинава, се одбележува 2 Август- Денот на Републиката - Илинден.
Казнети 128 возачи, 25 возеле под дејство на алкохол, 15 без возачка дозвола Викендов на подрачјето на Куманово санкционирани се 128 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.
Поетско читање „Илинденска секавица“ во Центарот за култура во Куманово Во фоајето на Центарот за култура во Куманово, вечерва во 18 часот ќе се одржи поетска вечер насловена како „Илинденска секавица 2023“.
Три нуркачки тима трагаат по изчезнатиот во езерото Глажња(видео) Три нуркачки тима на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ од утринава продолжуваат со потрагата по исчезнатиот маж во езерото Глажња.
Исплатата на пензиите за јули почнува денеска Од денеска /понеделник/ започна етапната исплата на пензиите за месец јули.
Граѓаните да бидат претпазливи да не предизвикаат пожар при престој во природа, апелира МВР Во пресрет на престојниот празник „Илинден,“ кога се очекува излетничките места помасовно да бидат посетени од граѓаните, Кумановската полиција апелира до посетителите да бидат внимателни со отпушоците од цигари, да се воздржат од палење оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари.
Систина Офталмологија е прва очна болница акредитирана од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи во Македонија Систина Офталмологија, како водечка болница за очна нега, врз основа на исклучителниот начин на работа по највисоките стандарди на работа и грижа за нашите пациенти во изминатите 13 години, стана првата акредитирана очна болница во Македонија.
Наместо да покаже лиценца, таксист со кола удрил во инспектор Службеник од Секторот за инспекциски надзор во Општина Куманово е повреден откако во него удрил автомобил, додека извршувал работни задачи во населбата „Тоде Мендол“ во Куманово.
Седумдесет крвни единици се собрани на денешната акција во Куманово Успешно привршува крводарителската акција, која по повод 2 Август традиционално секоја година ја организира општинската организација на СДСМ Куманово.
Гори депонијата Краста и ги труе жителите од околните села Повеќе од десетина дена гори депонијата Краста, а чадот се шири во околните села и периферијата на Куманово. Од загадувањето на воздухот најмногу се жалат жителите на селото Пчиња, кои постојано реагираат и бараат помош од надлежните.
Секој треба да плати струја колку што потрошил, кажа министерот Бектеши Министерството за економија ги повикува жителите на Слупчане и околните села да плаќаат струја, по протестите на жителите и нивните барања да плаќаат струја од 3.000 денари, независно колку потрошиле.
Среда, 2 август, неработен за сите граѓани Денот на републиката - 2 Август, е неработен ден за сите граѓани.
Дете крадело, мајката ќе одговара затоа што го запоставила и не го воспитала Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ѓ.Џ. (33) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”.
Куманово е дел од проектот „ЕУ за чист воздух“, кој вреди 10 милиони евра Општините Куманово, Скопје, Битола, Тетово се дел од проектот за подигање на квалитетот на воздухот во нивните средини, за што ЕУ одвои помош од 10 милиони евра.
Боксерот Реџеп Реџеповски е нов член на Советот на Општина Куманово Советот на Општина Куманово утре ќе му го верификува мандатот на новиот советник Реџеп Реџеповски, од листата „За наше Куманово“.