Во Куманово се одбележа 79-годишнината од загинувањето на Христијан Тодоровски - Карпош
По повод годишнината од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски - Карпош, делегации од Сојузот на борци, Општината, Советот, АРМ, невладини организации, политички партии, граѓани, положија цвеќе пред бистата во дворот на Спомен куќата на Карпош.