Наврнаа 2 литри дожд на квадрат Во текот на ноќта во Куманово наврнаа 2 литри дожд на метар квадратен, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Забрана за камиони на патот Крива Паланка-Деве Баир Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Крива Паланка - Деве Баир, соопштуваат од Авто мото сојузот на Македонија.
Книжевна работилница на Спона во Куманово Културно-информативниот центар на Србите во Македонија "Спона", вечерва во просториите на Фото кино клубот Козјак (Народна техника), во 19,30 часот ќе одржи книжевна работилница на комедијата „Госпоѓа министерка„ од Бранислав Нушиќ.
Започнуваат археолошките истражувања на локалитетот Костоперска карпа Станува збор за локалитет богат со археолошки материјал од енеолитот, а откриени се и предмети од железно време, особено садови од керамика, накит од злато, сребро, килибар како и стаклена паста и бронза
Книги на италијански јазик за кумановските основци Италијанскиот амбасадор, Ернесто Белели денеска подари над 300 учебници на италијански јазик на основните училишта “11 Октомври„, „Браќа Миладиновци“ и “Кочо Рацин“.
Форумот на жени на СДСМ организира продажен базар Форумот на жени на СДСМ Куманово, по повод 8 Март, утре на Градскиот плоштад ќе организираат хуманитарен базар.
Торта СДСМ за старите лица во “Зафир Сајто“ Жените од СДСМ денеска го посетија Домот за стари лица “Зафир Сајто“ и со торта им го честитаат празникот на жената 8 Март на припадничките на понежниот пол.
Изложба со осмомартовски честитки во “Кочо Рацин„ По повод 8 Март - празникот на жената во основното училиште “Кочо Рацин“, денеска се одржува изложба со осмомартовски честитки.
Пензионерите собираат хуманитарна помош за поплавените Здружението на пензионери Куманово организира хуманитарна акција за помош на населението од поплавените подрачја.
Се чисти снег од патот Куманово - Кшање Со механизација се чисти патот Куманово - Кшање, информираат од секторот за урбанизам во општина Куманово.
Еден повреден во сообраќајка кај Псача На магистралниот пат Куманово - Крива Паланка кај село Псача, во сообраќајна несреќа едно лице е повредено при судир на два автомобили.
Десет литри дожд и минимална снежна обвивка во кумановско Во последните 24 часа во Куманово наврнаа скоро десет литри дожд на метар квадратен и минимална снежна обвивка.
Застој на Павлешенце поради наноси од снег Поради наноси од снег утрово имало застој на регионалниот пат Куманово - Свети Николе кај село Павлешенци, потврдуваат од Авто мото сојузот на Македонија.
Пожар во архивата на “Житомел“ Пожар ја зафатил просторијата каде порано се наоаѓала архивата на напуштената фабриката за леб и бели пецива “Житомел“.
Уникатна осмомартовска понуда во „Тајмлесс„ По повод празникот на жената 8 Март, реномираната продавница за накит и часовници „Тајмлесс“ нуди богат асортиман на модерен и уникатен сребрен накит.
Царинска испостава Табановце најуспешна во четвртиот квартал Царинска испостава Табановце е најуспешна царинска испостава, која врши патнички промет во државата, за последните три месеци мината година.