Мени

Адел го прекинала концертот

21.09.2011 12:24 | KumanovoNews

Сензационалната пејачка Адел која го освои светот со својот албум „21“ го прекинала својот концерт во Лондон за да и помогне на обожавателката.

Адел го прекинала концертот

Една девојка од публиката се онесвестила, а Адел го прекинала концертот и повикала брза помош.

„Ова е вистински рок’н’рол“ изјави пејачката одкако на обожавателката и била пружена помош. Потоа продолжила да пее и успешно го завршила концертот.

По завршувањето на турнејата, таа се враќа во студио да ја сними темата за новиот Џејмс Бонд.