Мени

Аватар ги собори сите рекорди

27.04.2010 09:12 | KumanovoNews

 Филмскиот хит Аватар на Џејмс Камерун си собори сите рекорди по гледаност во кино салите и  домовите. За четири дена од пуштањето на ДВД-то и Блу реј дисковите продадени се 6,7 милиони примероци.

Аватар ги собори сите рекорди

 Агенциите соопштуваат дека за четири дена од 22 април во САД и Канада се продадени вкупно четири милиони ДВД и 2,7 милиони дискови со филмот.

Тродимензионалната фантазија на режисерот Џејмс Камерун стана најпрофитабилниот филм во светот по неговата премиера на 18 декември. Тој го собори рекордот на Титаник од 1997 година.