×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Балканец“ ќе ја пробива Оливера на естрадата

    24.03.2010 15:19 | KumanovoNews

    Фолк пејачка Оливера Коцева (25) од Куманово ја сними својата прва песна „Балканец“, за која подготвува и спот. Песната ќе биде промовирана деновиве, а ќе се најде на албумот првенец кој треба да излезе до крајот на годината.

    „Балканец“ ќе ја пробива Оливера на естрадата

    Песната се вика „Балканец“ со побрз ритам и во модерен стил. Текстот го напиша Орце Зафирковски,а аранжманот и музиката се на Сашо Младеновски од групата „Мелодија“ и во неговото студио во Скопје се снимаше песната. Наскоро ќе се снима и спот за песната на атрактивни локации во Битола и Охрид. Очекувам да биде поразличен од спотовите кои се прават кај нас, бидејќи го ќе го работи „ЗАТИ“ продукција од Охрид. Во тек се подготовки за снимање на уште две мои песни кои ќе се најдат на мојот прв албум - вели Оливера.

    Атрактивната кумановка со пеење се занимава повеќе од пет години, а досега настапувала во повеќето градови во Македонија и странство. Ова ќе и биде прво представување во јавноста со своја песна.

    Амбициозна сум и се надевам дека ќе успеам да ја освојам македонската публика,а желба ми е да се претставам и пошироко на Балканот - тврди самоуврено Оливера.

    За песна „Балканец“ се надева дека ќе стане хит, и посебнои ќе биде прифетена од припадничките на понежниот пол кои имаат љубоморни мажи.

    А.Илиќ