Бионсе премногу секси во новиот спот
08.07.2011 13:28
| KumanovoNews
Бионсе Ноулс кон крајот на јуни го издаде својот нов албум „4“ а вчера на интернет излезе и новиот спот за песната „Best thing i never had“. Спотот предизвика посебно внимание, бидејки според критичарите Бионсе е премногу секси во него.

Четвртиот по ред албум на Бионсе стигна на првото место на американскиот Билборд листа „Топ 200“.
На овој начин таа стана трет изведувач во историјата, после Бритни Спирс и ДМХ кои успејаа првите четири албуми да им дебитираат на првото место.
Песната „Best thing i never had“ претендира да стане голем хит.