×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Боби Серафимовски ја освојува Америка

    15.10.2010 10:42 | KumanovoNews

    На кумановскиот композитор и пејач Боби Серафимовски две авторски дела ќе бидат презентирани на филм во американска продукција.

    Боби Серафимовски ја освојува Америка

     Сите детали за пласманот на музиката и самиот договор ќе бидат познати во февруари идната година.

    Во Америка престојував на покана на познатата менаџмент и издавачка куќа „Мек авени рекордс“. Гостувањето беше успешно, остварив средба со луѓето што ме застапуваат и ја нудат мојата музика. Тамошните филмски работници многу се заинтересирани за моите филмски теми и има најава две мои дела во февруари идната година да се најдат на филм од американска продукција - вели Серафимовски.

    Познатата издавачка куќа „Мек авени рекордс“ ги застапува најпознатите изведувачи од Америка од џез и од блуз-музиката, како што се Кајл Иствуд (синот на легендарниот актер Клинт Иствуд), Рик Браун, Ричард Елиот, Брајан Брумберг, познатиот гитарист Стенли Џордан, како и легендарните „Каунт Бејси оркестра“.

    Тие лиценцираа над 70 мои дела за идни филмски проекти. Исто така, во подготовка е и мојот инструментален албум, кој ќе се појави во САД, а ќе биде промовиран и во Македонија. Престојот во САД го искористив и за многу нови контакти, а имав можност да настапам во еден од најпознатите џез и блуз-клубови во Чикаго - „Андерграунд Вондер бар“. Настапив со квартетот „Про Џем“ и неговата вокалистка Лорна Бостон. Овациите беа многу големи, а моите импресии не можат да се опишат - вели тој.