Бојан Маровиќ во Касапски круг
16.07.2010 10:16
| KumanovoNews
Вечерва во ноќниот клуб „Версај„ ќе се одигра театарската претстава "Како го славиме другарот Тито", а утре вечер во Касапски ќе пее Бојан Маровиќ.

Во ноќниот клуб „Версај„ ќе се одигра театарската претстава "Како го славиме другарот Тито" во изведба на тетарот од Петровец на Млави од Србијa. Овој проект го финансира Фондацијата за култура и спорт од Куманово. Во сабота во Касапскиот круг на задоволство на понежниот пол од градот ќе гостува црногорскиот поп-пеач Бојан Маровиќ.